Флојд Мејведер без дилеми е еден од најдобрите боксери на сите времиња.
Меѓутоа поради неговото однесување надвор од рингот често пати предизвикува омраза кај фановите, а за тоа вистински пример е ситуацијата која се случи при неговата посета на Филипините.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Додека насмеаниот боксер им креваше рака на присутните во шопинг центарот се слушна дофрлување од една баба.
„Те мразам. Ти си кукавица“…
Овие зборови го привлекоа вниманието на американскиот боксер кој се се сврти да види кој му дофрлува, а кога виде дека станува збор за постара госпоѓа се насмеа и покажа дека го прифаќа нејзиното мислење.
? Floyd Mayweather gets trolled by an old lady whilst touring the Philippines.
? “I hate you. You’re a chicken” pic.twitter.com/AXPZeF0Wiv
— EditinKing Boxing ? (@EditinKing) April 3, 2019