Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели денес директно и објави „војна“ на УЕФА и изјави дека Суперлигата не е пропаднат проект.
Јувентус, Реал Мадрид и Барселона се уште работат на проектот, а Ањели истакна дека тоа е неопходно и дека само прашање на време е кога ќе стартува новиот проект.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
„Суперлигата не е пропадната. Тие беа потполно свесни за фактот дека јас како претседател на Јувентус работам на случајот. Според мене, на фудбалот му се потребни итни реформи. Компромис повеќе не е опција, ние мора да го реформираме фудбалот. Дали монополистичка организација е способна да води бизнис како фудбалот? Не мислам така“, изјави Ањели.
„Суперлигата не е дело на еден човек, туку плод на напорите на 12 клуба. Тие потпишаа договор од 120 страни, кој се уште важи за 11 од нив“, додаде претседателот на Јувентус.