Дома Фудбал Лига на шампиони Ајакс – Тотенхем: Кој ќе го чекира последниот билет за Мадрид?

Ајакс – Тотенхем: Кој ќе го чекира последниот билет за Мадрид?

Ајакс – Тотенхем, натпревар кој привлекува огромно внимание, особено по победата на Ливерпул над Барса со 4:0. Тоа е додатен мотив за Спарси, а Покетино смета дека кога Ливерпул можеше да надохнади негатива од три гола против Барса, тогаш може и Спарси против Ајакс. Сепак против Ајакс сезонава е тешко да се победи, особено на Јохан Кројф арената во Амстердам.

Победата на Ајакс во Лондон не е изненадување

Минатата недела ја погодивме анализата за првиот меч меѓу овие две екипи. Победата на Ајакс во Лондон за нас беше очекувана. Тие одиграа како што знаат сезонава и си славеа победа, а сега повторно не гледам причина да се случи нешто различно, само осум дена подоцна.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ајакс играше офанзивно во првиот дел и можеше да победи со повеќе од само еден гол. Тие успешно ја реализираа секоја задача од тренерот Тен Хаг. Имаа многу директни топки до напаѓачите, како и очекувана решителност во прав момент.

Спарси се подобрија во вториот дел, а Муса Сисоко ја направи значајната разлика откако го замени повредениот Јан Вертонген. Но сепак тие не успеаа да го совладаат одличниот на голот Андре Онана.

Фактот што Спарси завршија подобро отколку што започнаа, ќе биде позитивен за да се влезе во натпреварот во Холандија. Но поразот во саботата во Бурнемут си донесе нови грижи пред овој меч.

Тотенхем е непрепознатлив последниот месец

Сега Тотенхем има три порази во серија и тоа бес постигнат гол. Сепак и покрај тоа тие се речиси сигурни учесници следната сезона во Лигата на Шампиони бидејќи треба да се случи чудо за да паднат на петтото место на табелата. Освен тоа, фактот што тие играа половина од натпреварот со девет фудбалери минатиот викенд значи многу. Тие и во таков случај не изгледаа лошо на теренот. Но од друга страна тој меч премногу ги истроши Ериксен и Али кои мораа да трчаат многу повеќе од очекуваното.

Добро е тоа што Сон доби црвен картон многу рано и ќе биде малку поодморен, но тој во нападот ќе мора повторно да игра без Хари Кејн.

Факт е дека Спарс се наоѓаат во незгодна ситуација. Редат порази и во домашниот шампионат и во европската елита, но мора да се напомене дека и имаат среќа. Тие и покрај поразите не го испуштија четвртото место во Премиер Лигата, а резултатот од 0:1 против Ајакс е незгоден, но не и недостижен.

Ајакс може до три трофеи сезонава

Ајакс нема да биде премногу офанзивен, иако ние сезонава се навикнавме на еден таков Ајакс. Кога тие беа способни да ги елиминираат големите Реал Мадрид и Јувентус, секако дека не треба да изненади ако го елиминираат Тотенхем. Освен тоа тие веќе освоија еден трофеј сезонава, откако пред неколку дена славеа во финалето на Купот над Вилијам Втори со 0:4. Во Ередивизија пак имаат ист број на бодови со ПСВ. Но Ајакс е на лидерската позиција, така што голема е веројатноста дека ќе го освојат трофејот. Едноставно, тие имаат сезона за паметење, сезона која на секој можен начин потсетува на оние блескави генерации кои растураа во Европа пред две децении.

Тен Хаг е неверојатен тактичар

На некој начин, сезонава гледаме еден класичен Ајакс со игра по која овој тим пред две децении беше препознатлив. Имаат добро владеење со топката, многу трчање и притискање на противникот, класична 4-3-3 формација, меѓутоа модифицирана според квалитетот на фудбалерите и според нивниот ков.

Клучниот тактички концепт од нивните изведби против Реал и Јуве беше уфрлањето на еден од крилата внатре во шеснаесеттикот со преоптоварување на спротивната страна. На чуден начин фудбалерите на Ајакс го тераат противникот фокусот да го насочи на едната страна, а тие главниот удар го задаваат од другата.

И кога ќе погрешат, во средината на теренот тие го имаат Дони ван де Бик. Тој не ги добива заслужените пофалби како некои од неговите колеги, но игра клучна улога во дефанзивниот дел од средниот ред. Ласе Шоне игра улога на десната страна. Со тоа го остава Френки де Јонг во послободна улога да влегува длабоко во противничката половина или да се повлекува назад. Затоа тој може да ја контролира играта од самиот старт на акциите на Ајакс.

Ајакс со тоа ја преоптоварува десната страна, но свесно. Ширината на левата страна доаѓа исклучиво од аргентинскиот интернационалец Николас Таглиафицо, кој прави ненадејни удари во офанзива. Неговата зона е покриена од централниот дефанзивец кој знае да игра и како лев бек Блинд и со 19-годишниот капитен Матијс де Лигт. Нусајр Мазрауи игра како десен бек, со Андре Онана кој дава голема сигурност на голот.

Едноставно, Ајакс во моментов изгледа како тим кој може да победи против секако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…