На Градскиот стадион во Скопје в сабота ќе се одржи третиот аматерски атлетски митинг Скопје 2019.
Овој атлетски митинг е наменет за сите оние кои го сакаат трчањето, рекреативно се занимаваат со трчање и спорт, се подготвуваат за Скопскиот маратон или, пак, сакаат да ги проверат своите можности и брзина во некоја од предвидените дисциплини.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На аматерскиот митинг учесниците ќе можат да се натпреваруваат во дисциплините на 100 метри, 400, штафета 4 по 400, една милја (1600 метри), 5000, 10000 метри и скок во далечина. Секој заинтересиран може да се пријави за учество на митингот преку веб-страницата www.prvdovrv.mk.
Атлетскиот митинг ќе трае од 10 до 16 часот и е отворен за сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат.
Атлетскиот митинг за рекреативци е во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ во соработка со Атлетската федерација на Македонија и Градот Скопје.