Дома Трансфер зона Атлетико поради Гризман мора да плати на Барселона 20 милиони евра

Атлетико поради Гризман мора да плати на Барселона 20 милиони евра

Францускиот напаѓач Антоан Гризман одлучи кариерата да ја продолжи во Атлетико Мадрид со кој потпиша нов договор до 2023. година.

Во претходните неколку недели траеше трансфер сагата околу Гризман и негово евентуално заминување во Барса. Иако многу веруваа дека тоа е завршена работа на крајот Французинот го изненади каталонскиот клуб со одлуката дека останува во Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, шпанските медиуми пренесуваат дека Гризман имал преддоговор со Барселона и поради тоа Атлетико Мадрид мора да ги подмири обврските спрема Барса.  Наводно, мадридскиот клуб на сметката на каталонците ќе треба да уплати околу 20 милиони евра бидејќи Гризман го прекршил преддоговорот.

Поради тоа најверојатно ќе има промена и во годишната заработка на Гризман во Атлетико. Фудбалерот со новиот договор требаше да заработува 23 милиони евра, но тоа сега ќе изнесува 19 милиони кога ќе се исплати сумата на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тажна вест: Почина еден од најдобрите француски тренери

Исклучителната фигура на францускиот фудбал, Жан-Луи Гасе, почина денес на 72-годишна возр…