Фудбалерите на Атлетико Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Кралскиот куп.
Тие кај својот Метрополитано го победија бранителот на титулата и градски ривал Реал со 4:2 во продолжението, откако во регуларниот дел од натпреварот резултатот беше 2:2.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во продолженијата Атлетико успеа да постигна два гола преку Гризман во 100. минута и Рикелме во 119. минута.
Заедно со Атлетико Мадрид, во четвртфиналето веќе се пласираа Барселона, Мајорка, Севиља, Реал Сосиедад, Селта Виго, Атлетик Билбао и Џирона. Ждрепката за четвртфиналните двојки ќе се одржи во петок во Мадрид.