Голема прашина се дигна после синоќешниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Леванте, кој на крај „кралевит“ го одбија со 2:1.
Реал Мадрид потешко од оечкувањата дојде до три бода, со два пенали, а посебно контроверзен беше вториот досуден пенал над Касемиро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вториот пенал посебно предизвика многу реакции бидејќи беше јасно дека е непостоечки. Имено, судијата главниот судија Игнасио Вилануева покажа на белата точка за скандалозната глума на Каземиро.
На ваквиот пенал се огласија и од градскиот ривал на Реал, Атлетико Мадрид. „Јорганџите“ ја искористија ситуација го поврзаа овој пенал со доделувањето на Оскарите, настан кој се одржуваше вчера.
„Вечерва се одржува доделувањето на Оскарите, ова беше неверојатен почеток“, порачаа иронично од Атлетико Мадрид.
? La noche de los Oscars ha arrancado a lo grande. ¿Una película?
#LaHistoriaInterminable. Atléticos, ¿cuál elegís vosotros? ?— Atlético de Madrid (@Atleti) February 24, 2019
Интересно е што за оваа контроверзна ситуација како ретко кога мадритските медиуми „АС“ и „Марка“ не застанаа во одбрана на „кралевите“ и порачаа дека Реал Мадрид добил поклон пенал (тука)
Нормално, не се чекаше долго на одговор од Реал Мадрид, а прв кој се огласи беше Дани Карвахал. Десниот бек на „кралевите“ очигледно не можеше да пречути на ваква провокација, па одговори со иста мера.
„Ви препорачувам да ги погледнете „Во срцето на Децима“ и „Ундецима““, порача Карвахал, јасно алудирајќи на 10-та и 11-та титула на Реал Мадрид во Лигата на шампиони.