И денес актуелна е темата „Модриќ“.
Реномираниот шпански медиум „АС“ открива што најдобриот играч на последниот Мундијал бара од Реал Мадрид за остане во овој клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што претходно се пишуваше, Интер на Модриќ му нуди договор според кој Хрватот би станал втор најплатен играч (зад Роналдо) во Серија А со 10 милиони евра по сезона.
Од „АС“ тврдат дека Модриќ од Перез бара да ја израмни понудата со онаа Интер, во тој случај би се согласил да остане во клубот со кој освои четири титули во Лигата на шампионите.
Се додава и дека Модриќ има голема љубов и почит кон клубот, но сепак дека своја улога во неговата иднина ќе одиграат и парите.
Ќе потсетиме Модриќ во Реал во овој момент заработува 6.5 милиони евра по сезона, што значи за да остане клубот ќе мора да му обезбеди најмалку 3.5 милиони повеќе.