Дома Фудбал Англија Астрономски плати, катастрофални резултати: Играчите на Јунајтед се најплатени во Премиер лигата

Астрономски плати, катастрофални резултати: Играчите на Јунајтед се најплатени во Премиер лигата

0

Пред Манчестер Јунајтед како што изгледа е една лоша сезона во која навивачите ќе немаат многу причини за радост.

Славниот клуб предводен од Оле Гунар Солскјер на клупата го има најлошиот старт во последните 30 години и многумина ќе кажат дека овие играчи кои ги има Јунајтед се најслабите кои некогаш играле во црвениот дрес.

Кога ќе погледнеме колку овие играчи заработуваат работата треба да е целосно спротивна. Имено, Манчестер Јунајтед на плати во една сезона троши 332 милиони фунти и тоа е најголемата сума во историјата Премиер лигата.

Во Јунајтед платите се високи па и покрај слабите игри фудбалерите заработуваат цело богатство. Давид Де Геа неодамна потпиша договор со плата од 375.000 фунти неделно, додека Погба добива 290.000 неделно.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѕвездата на Барселона: На многу работи не гледам на цената, но да се купува Ферари е лудост

Кога минатата година Клемент Ленглет за 36 милиони евта од Севиља премина во Барселона мно…