Дома Трансфер зона Астон Вила не запира: Ново засилување е поранешниот фудбалер на Челзи

Астон Вила не запира: Ново засилување е поранешниот фудбалер на Челзи

Рос Баркли кој минатата сезона го носеше дресот на Лутон е ново засилување за Астон Вила.

За поранешниот фудбалер на Челзи ова е враќање во клубот каде што играше како позајмен фудбалер во сезоната 2020/2021.

Баркли настапуваше уште за Евертон, Ница, Шефилд и Лидс. Се поврзуваше изминатите денови со Манчестер Јунајтед, меѓутоа на крајот не излезе ништо од таа можност.

Во изминатата сезона како играч на Лутон кој испадна од Премиер лигата постигна пет голови на 37 натпревари.

Пред него Астон Вила се засили со: Саумел Илинг Жуниор, Енцо Баренчеу, Јан Матсен и Луис Добин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…