Во изминатата вечер во НБА лигата неизвесно беше на дуелот помеѓу Бруклин и Далас.
Тимот на Дончиќ на крајот славеше со минимални 111:113, Словенецот запиша асистенција во последните секунди од мечот. Во тие последни моменти од натпреварот Дончиќ навлече двајца кошаркари на себе и успешно го проигра Динвиди кој со звукот на сирената донесе победа за Далас.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дончиќ имаше одличен настап, уфрли 37 поени, додаде девет скока и девет асистенции. Зад него следуваше токму човекот на одлука Динвиди со 22 поени.
Србинот Никола Јокиќ во победата на Денвер над Вашингтон од 127:109 се запиша во историјата стигнувајќи до 10.000 поени. Јокиќ влезе во елитното друштво и е вториот кошаркар во НБА кој најбрзо стигнал до 10.000 поени, 5.000 скокови и 3.000 асистенции. На Јокиќ за овие бројки потребни му беа 516 натпревари. Србинот има еден натпревар повеќе од Лери Брд, а го помина Оскар Робертсон на кој му беа потребни 525 натпревари.
Натпреварот со Вашингтон Јокиќ го заврши со дабл-дабл од 29 поени, 13 скока и 8 асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Атланта 116:106, Кливленд – Филаделфија 114:118, Вашингтон – Денвер 109:127, Бруклин – Далас 111:113, Њујорк – Портланд 128:98, Хјустон – Феникс 112: 129, Минесота – Лејкерс 124:104, Сан Антонио – Оклахома 122:120, Јута – Чикаго 125:110, Голден Стејт – Бостон 88:110, Сакраменто – Милвоки 126:135, Клиперс – Торонто 100:103.