Дома Трансфер зона Асенсио незадоволен, пет гиганти се „тепаат“ за неговиот потпис

Асенсио незадоволен, пет гиганти се „тепаат“ за неговиот потпис

Реал Мадрид е спремен да го продаде Марко Асенсио, па неколку заинтересирани клубови веќе работат на трансферот.

„Кралевите“ веќе подолго време работат на трансферот на Килијан Мбапе и се убедени дека само прашање на време е кога Французинот ќе пристигне во Мадрид, па поради тоа се спремни да го продадат Асенсио.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека Асенсио не е задоволен од статусот кој го има во тимот, па сериозно размислува да го напушти клубот.

Најсилен интерес за Шпанецот покажуваат англиските гиганти Ливерпул и Арсенал, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент. Покрај нив, интерес за Асенсио покажуваат уште Милан, Јувентус и Тотенхем.

Споменатите клубови веќе ја започнаа трката за неговиот потпис и не е исклучено Шпанецот уште во јануари да го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…