Големиот талент на Реал Мадрид, Марко Асенсио има понуди од пет европски гиганти и за почне сериозно да ги разгледува доколку не се промени ситуацијата на „Сантиаго Бернабеу“.
22-годишниот шпански репрезентативец оваа сезона има одиграно 20 натпревари во Примера, но голем дел од тие влегуваше од клупата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Асенсио не е задоволен од својот статус во Реал, сака да има поголема минутажа, а шпанските медиуми открија дека на маса има понуди од пет клуба и тоа: Челзи, Ливерпул, Арсенал, Јувентус и Баерн Минхен.
Асенсио има договор со Реал Мадрид до 2023 година и „кралевите“ сигурно нема лесно да се откажат од него. „Диарио Гол“ пренесува дека претседателот Флорентино Перез лично му гарантирал на играчот поголема минутажа следната сезона.