Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио во вчерашниот натпревар постигна два погодоци за Реал Мадрид, а со првиот си доби облог.
Со првиот погодок Асенсио избегна сопствено бричење на главата , додека вториот го посвети на соиграчот Себалос.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Имено, како што фудбалерот им откри на медиумите пред сезоната се обложил со својот пријател (не го откри името) дека ќе постигне погодок со глава. Асенсио вчера токму тоа и го направи, па неговиот пријател сега ќе мора да има вризура – „нула“.
Вториот погодок на Асенсио немаше никаква врска со облог, тој беше посветен на неговиот соиграч и голем пријател Дани Себалос кого навивачите го навредуваа пред натпреварот.
Асенсио по постигнувањето на голот дојде до клупата за резерви и го прегрна. Иначе, Себалос во Реал Мадрид пристигна токму од Бетис.