Реал Мадрид бил спремен да го продаде Марко Асенсио во летниот преоден рок, но играчот ги одбил сите понуди.
Реал до последниот момент во преодниот рок се обидуваше да го донесе Килијан Мбапе, па поради тоа бил спремен да го продаде Асенсио.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека пристигнале две понуди, од Милан и Тотенхем, кои Реал ги прифатил но фудбалерот одбил да го напушти „Сантиаго Бернабеу“.
Асенсио не е прв избор кај тренерот Анчелоти, но сепак решил да остане и да се бори за место во тимот.
Притоа, Асенсио сакал да остане во Шпанија бидејќи верува дека ќе се избори за место во стартниот тим и оваа сезона ќе има голема минутажа во Реал.