Бразилскиот плејмејкер Артур одбива да преговара со Јувентус и јавно призна дека сака да остане на „Камп Ноу“.
Барселона е силно заинтересирана за Пјаниќ и договори трампа со Јувентус според која Артур требаше да се пресели во Торино.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Меѓутоа, Бразилецот одбива да започне преговори со италијанскиот шампион бидејќи не сака да го напушти „Камп Ноу“.
„Единствено ме интересира да останам во Барселона долги години. Се чувствувам добро тука и благодарен сум на клубот и тренерскиот тим за довербата. Интересот на други клубови е знак дека добро си ја вршам работата“, изјави Артур.
Ова значи дека трампата е пред пропаѓање бидејќи Јувентус не прифаќа друг фудбалер да биде дел од трампата и смета дека Артур ќе биде идеална замена за Пјаниќ.