Дома Фудбал Англија Артета: За мене е привилегија што сум тренер на Арсенал

Артета: За мене е привилегија што сум тренер на Арсенал

Mикел Артета беше еден од тренерите кои се поврзуваше со Барселона, но шпанскиот стратег денес ги прекина шпекулациите истакнувајќи дека е среќен што има прилика да работи во Арсенал.

Барселона во средата после поразот од Рајо Ваљекано со 0:1 го отпушти Роналд Куман. Артета своевремно како играч беше дел од Барселона, па се шпекулираше дека е еден од кандидатите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Среќен сум во Арсенал и за мене е привилегија што сум тука. Сконцентриран сум на својата работа. Многу работи се случија во последните години. Морате да ја надминете ситуацијата после заминувањето на Меси кој долги години беше клучен играч и знам дека е за тоа потребно време. Се надевам на крајот се ќе излезе добро“, изјави Артета за „Скај“.

Вчера беше потврдено дека привремено прв тренер на Барселона ќе биде Серхи Барухан кој е прекомандуван од „Б“ тимот на каталонците. Според шпанските медиуми главен фаворит за негов наследник ќе биде Чави, за многумина тоа е и завршена работа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатно: Нејмар во ПСЖ добивал по 200.000 евра за аплаудирање на навивачите

Иако поминаа седум години трансферот на Нејмар од ПСЖ во Барселона се уште знае да биде те…