Дома Фудбал Англија Артета една година на клупата на Арсенал: Постигнавме голем напредок!

Артета една година на клупата на Арсенал: Постигнавме голем напредок!

Микел Артета оваа недела ќе направи една година откако е на чело на Арсенал и смета дека тимот забележал голем напредок.

Артета тврди дека првата цел била да се направат структурни промени на многу нивоа во клубот, а сега е потребно време за да се постигне континуитет во резултатите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ова беше една од највозбудливите години во клупската историја. Верувам дека постигнавме голем напредок и направивме позитивни промени. Требаше да направиме структурни промени во сите нивоа на клубот. Сите кои го започнавме овој проект знаевме дека резултатите нема да дојдат брзо“, изтакна Артета.

„Врвот беа двата освоени трофеи, а најголемото разочарување е што во овои тешки моменти не можеме да ја добиеме поддршката на фановите. Лошата форма во Премиер лигата ја расипува сликата за оваа година. Се чуствувам привилегиран што сум дел од овој клуб“, изјави Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ќе се обиде ли Ливерпул во последен момент да ги расипе плановите на Манчестер Сити?

Манчестер Сити активно работи на трансферот на Антоан Семењо, кој ќе се обиде да го финали…