Новиот тренер на Арсенал, Микел Артета сака значително да го засили тимот, а новото име на неговиот список е Јулијан Дрекслер од Пари Сент Жермен.
Германецот и оваа сезона не добива голема минутажа во ПСЖ и готово сигурно ќе ја промени средината ова лето, а Арсенал сака да ја искористи таквата ситуација.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Дрекслер оваа сезона запиша само два настапи во Лига 1 и сигурно ќе бара нов предизвик, а Премиер лигата може да биде негова следна дестинација.
Арсенал веќе стапил во контакт со неговиот агент, но проблем за трансферот би можела да биде високата плата на 26-годишниот офанзивен фудбалер.
Сепак, Дрекслер има уште една година од договорот со ПСЖ, а „топџиите“ се спремни да му понудат 5-годишен договор.