Арсенал денес објави дека босанскиот репрезентативец, Сеад Колашинац во текот на месец октомври би можел да се врати на теренот.
Како што е веќе познато, Колашинац заработи непријатна повреда на левото колено.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Се повреди на мечот на Интернационалниот куп на шампионите против Челзи одигран на почетокот на овој месец, а поради повреда ќе ги пропушти и активностите во репрезентацијата.
Покрај Колашинац, од Арсенал соопштија дека Маитланд Нилс, Карл Јенкинсон, Лаурент Кошчелни исто така имаат проблеми со повредите.
Арсенал новата сезона ја отвори ПЛ со два последователни порази.