Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е спремен да го продаде играчот за врска, Жоржињо до крајот на преодниот рок.
Арсенал е првиот клуб кој испратил понуда за италијанскиот репрезентативец, но веднаш после то истото го направил и ПСЖ.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
И двете екипи нудат едногодишна позајмица со право на откуп следното лето, но прашање е дали Челзи ќе прифати таква понуда.
Челзи бара задолжителен откуп, а доколку Арсенал и ПСЖ се согласат, тогаш конечната одлука ќе биде на Жоржињо, дали ќе остане во Лондон или ќе се пресели во Париз.
Во ПСЖ Жоржињо ќе биде во ротација во средниот ред, додека во Арсенал сигурно би имал поголема минутажа.