Дома Фудбал Англија Арсенал е клубот кој потроши најмногу во Европа ова лето

Арсенал е клубот кој потроши најмногу во Европа ова лето

Aрсенал после три одиграни натпревари во Премиер лигата е на последното место на табелата без бодови и без постигнат гол. Поради тоа изненадувачки звучи кога ќе кажаме дека тие се клубот кои потрошија најмногу во Европа летово.

На нови фудбалери Арсенал летово потроши 156.8 милиони фунти. Последното засилување пристигна вчера, во последниот ден од преодниот рок. За Арсенал потпиша Такехиро Томијасу од Болоња, за него платија 15 милиони фунти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со овој трансфер продолжи чудната политика на Арсенал. Клубот потроши најмногу, а не доведе ниту еден елитен играч. Најмногу го платија дефанзивецот од Брајтон, Бен Вајт, 50 милиони фунти. За голманот на Шефилд Арон Рамздејл издвоија 30 милиони фунти, а тој ќе биде замена за Бернд Лено. Мартин Одегард е највзучното имие.

Навивачите се разочарани, како и да не бидат кога резултатите се катастрофални, ќе видиме дали нешто ќе се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ќе се обиде ли Ливерпул во последен момент да ги расипе плановите на Манчестер Сити?

Манчестер Сити активно работи на трансферот на Антоан Семењо, кој ќе се обиде да го финали…