Дома Фудбал Останато Арда Ѓулер со последниот потег покажал колку сака да блесне во Реал Мадрид

Арда Ѓулер со последниот потег покажал колку сака да блесне во Реал Мадрид

Во овој момент Арда Ѓулер е со репрезентацијата на Турција на Европското првенство и вечерва го очекува натпревар против Австрија.

Турскиот фудбалер поради настапот на првенството ќе има пократок одмор, но и во таква ситуација имаше јасна порака до тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Арда го инфомираше Анчелоти дека сака да биде на подготовките уште од првиот ден и со задоволство ќе игра во подготвителните натпревари. Не му е потребен одмор по првенството“, најавуваат турските медиуми.

Во редовите на Реал Мадрид, Ѓулер пристигна за 20 милиони евра од Фенербахче, меѓутоа на почетокот често беше надвор од терените поради повреда. За „кралевите“ одигра само 12 натпревари, меѓутоа имаше некои одлични настапи, а во добра форма игра и на ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Објавен составот на Реал Мадрид за новата сезона со Алонсо на клупата (Фото)

Во последниве недели се шират шпекулации дека Чаби Алонсо ќе стане новиот тренер на Реал М…