Дома Фудбал Сите беа изненадени: Еве зошто Монтела го оставил Ѓулер на клупата против Португалија

Сите беа изненадени: Еве зошто Монтела го оставил Ѓулер на клупата против Португалија

Фудбалерот на Реал Мадрид, Арда Ѓулер беше најдобриот турски играч на теренот во првиот натпревар против Грузија кога и постигна спектакуларен гол, па затоа беше големо изненадување што во мечот против Португалија не беше во стартниот тим.

Сепак, тренерот Винчецо Монтела на новинарите им откри дека постоел ризик од повреда и тоа било причината што не го стартувал натпреварот.

„Жалам што Арда беше на клупата, но тој беше изморен од првиот натпревар и постоеше ризик од повреда. Го уфрлив игр во игра на крајот од натпреварот со цел да постигнеме барем еден гол, но не успеавме“, изјави Монтела.

Во последното коло Турција игра против Чешка и со победа сигурно ќе ообезбеди место во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тен Хаг повторно удри по Роналдо: Реал навреме сфатил дека е време за разделба

Холанѓанецот се врати на конфликтот со Португалецот во Јунајтед и тврди дека неговите физи…