Дома Топ вести Аргентина ја освои Копа Америка! Финалето поради инциденти доцнеше час и половина

Аргентина ја освои Копа Америка! Финалето поради инциденти доцнеше час и половина

Репрезентативците на Аргентина станаа шампиони на Копа Америка, откако во финалето утринава ја совладаа селекцијата на Колумбија со 1:0.

Херој на „гаучосите“ беше Лаутаро Мартинез во 112. минута кој постигна шампионски гол.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На тој начин Аргентина ја одбрани титулата и го освои својот трет трофеј во низа, откако претходно беа шампиони во светот во 2022 година.

Аргентина е втората репрезентација во историјата која врзала три последователни победи на големите турнири и им се придружи на Шпанија, која слично нешто оствари од 2008 до 2012 година.

Финалето ќе остане обележано со огромниот хаос пред почетокот, кој го одложи мечот речиси час и половина. Имено, голем број навивачи успеаја да влезат на стадионот Хард Рок во Мајами иако немаа билети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

СЕ Е ЗАВРШЕНО: Алисон рече да! Се враќа во Серија А!

Бразилскиот голман од редовите на Ливерпул, Алисон Бекер, не го продолжи договорот со клуб…