Дома Фудбал Репрезентации Аргентина без проблеми против Хондурас, Меси блесна со мајсторски лоб 🎥

Аргентина без проблеми против Хондурас, Меси блесна со мајсторски лоб 🎥

Изминатата вечер репрезентацијата на Аргентина со 3:0 го победи Хондурас во Мајами, а на овој натпревар во вистинско светло блесна Лионел Меси.

Аргентинците со овој триумф ја продолжија серијата од 34 натпревари без пораз во кои имаат 24 победи и 10 нерешени натпревари, сега ги делат само уште три натпревари да ја достигнат Италија која издржа 37 натпревари без пораз.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Два гола на средбата постигна Меси, а еден беше дело на Лаутаро. Напаѓачот на Интер го постигна првиот гол, Меси подоцна во првото полувреме реализираше пенал. Во вториот дел на теренот видовме и една турканица откако еден од репрезентативците на Хондурас со лакт го „разнесе“ Меси.

Одговорот на Меси беше фудбалски и со мајсторски лоб во 69. минута го матираше противничкиот голман за конечни 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…