Реал Мадрид го победи домашниот тим со 1:0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите во Лајпциг со одличниот гол на Брахим Дијаз.
Реал беше фаворит, но во Германија му одеше тешко, а сега на големо се зборува и за поништениот гол за Лајпциг. За тоа се огласи и тренерот на Мадрид, Карло Анчелоти.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Ни беше тешко, така е. Така е овде. Почетокот на првото и второто полувреме беше тежок за двете екипи, но тимот беше во игра, добро се браневме и покрај проблемите. Бевме опасни во транзициите, можевме да постигнеме повеќе голови, но можевме и да примиме, тоа е вистина. Лунин одигра одличен натпревар, најдобар натпревар. Играњето му дава самодоверба“, изјави Анчелоти по крајот на натпреварот.
Италијанскиот стручњак го коментираше и поништениот гол на Шешко во третата минута.
„Го видов тоа, беше во офсајд“, изјави Анчелоти.