Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го даде своето мислење за актуелното Светско првенство во Катар, каде блескаат неговите фудбалери.
Секако, неизбежен беше и коментарот за Кристиано Роналдо, кој испадна од стартниот тим на Португалија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не го гледав мечот на Португалија бидејќи јадев пица со внуците. И што ако Роналдо беше на клупата? Во фудбалот се е можно. Роналдо веројатно смета дека се уште има 20 години бидејќи многу се грижи за телото, но во еден тим секогаш има конкуренција. Лично јас никогаш не сум имал проблем со него. Нема како фудбалер од типот на Роналдо да ти биде проблем. Мене ми беше лесно да работам со него“, изјави Анчелоти.