Дома Фудбал Италија Анчелоти победувањето на Јувентус го спореди со Лионел Меси

Анчелоти победувањето на Јувентус го спореди со Лионел Меси

Наполи во последните сезони беше еден од најголемите ривали во борбата за Скудетото, но „старата дама“ секогаш се радуваше на крајот, Анечлоти смета деја Јувентус се уште е преголем „залак“ за неговиот тим.

Во последните три сезони Наполи завршуваше на втората и третата позиција. Оваа сезона после 17 одиграни кола тие се втропласирани со осум бодови заостанување зад бранителот на тронот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Секој мора да се мотивира самостојно. Не во односот на другите, туку во однос на себе. Ако сакате да бидете како Лео Меси тогаш вашиот пат треба да е одреден со генетика. Но, можете секојдневно да тренирате за да бидете подобри. Исто е и со екипите. Ако кажам дека сме посветени на победување на Јувентус, тоа е цел која е предалеку. Тука сме да победуваме и да се бориме до крајот на сезоната“, изјави искусниот стратег.

Вторпласираниот Наполи утре го очекува дерби средбата против Интер во рамките од 18-тото коло од Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нов проблем за Манчестер Сити

Менаџерот на Манчестер Сити, Џосеп Гвардиола, ќе има нови главоболки околу составот. Споре…