Дома Фудбал Анчелоти: Ова е најдобриот тим кој сум го тренирал

Анчелоти: Ова е најдобриот тим кој сум го тренирал

Тренерот на актуелниот европски и шпански шампион Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во суперлативи зборуваше за своите фудбалери, кои се уште немаат пораз во новата сезона во сите натпреварувања.

Реал Мадрид синоќа славеше против Севиља со 3-1 и така остана на шест бодови предност пред Барселона.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Ова е екипа која е задоволство да ја тренирате, бидејќи сите ги почитуваат одлуките кои ги носам и не предизвикуваат воопшто проблеми. Ова е еден од најдобрите тимови, ако не и најдобриот кој сум ја предводел во кариерата, изјави Анчелоти.

„Замените ни донесоа многу добри работи. Мораме да го преживееме овој дел од сезоната до Светското првенство, а тоа значи ќе страдаме за да победуваме“, додаде Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не размислува за пензија, Модриќ сака да го продолжи договорот

Лука Модриќ нема намера да се пензионира на крајот од сезоната иако веќе има 39 години. Иа…