Дома Фудбал Останато Анчелоти не се појави во Париз, но се огласи на социјалните мрежи

Анчелоти не се појави во Париз, но се огласи на социјалните мрежи

Карло Анчелоти вчера го доби признанието „Јохан Кројф“ за најдобар тренер во светот на церемонијата во Париз, но како и целата делегација на Реал Мадрид тој не се појави во Париз бидејќи „кралевите“ го бојкотираа настанот.

По добиената награда Анчелоти се огласи на социјалните мрежи заблагодарувајќи се на фудбалерите кои според него биле најважни за Реал во минатата сезона, претседателот и семејството, но не и на УЕФА или „Франс Фудбал“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Сакам да се заблагодарам на моето семејство, претседателот на мојот клуб, фудбалерите, но најмногу на Вини и Карвахал“, порача Анчелоти.

Престижното признание Анчелоти го доби во конкуренција на Де Ла Фуенте, Гасперини, Гвардиола, Чаби Алонсо и Лионел Скалони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…