Дома Фудбал Италија Анчелоти на чекор да сруши рекорд на Мурињо

Анчелоти на чекор да сруши рекорд на Мурињо

Фудбалерите на Реал Мадрид се на добар пат да ја освојат титулата во Примера, откако во саботата во Памплона ја победија Осасуна со 4:1.

Освен што ја зголемија предноста во однос на Жирона, која беше поразена од Гетафе, фудбалерите на Реал Мадрид го израмнија и клупскиот рекорд.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Кралевите“ се во серија од 23 натпревари без пораз во Ла Лига со што го израмнија рекордот поставен во 2011/12 година.

Во тоа време на клупата седеше Жозе Мурињо, а неговиот тим ја освои титулата пред Барселона на Пеп, со тогашни рекордни 100 бода.

Доколку тимот на Анчелоти победи или ремизира со Атлетик Билбао на својот „Сантијаго Бернабеу“ по репрезентативната пауза во Мадрид ќе постави нов клупски рекорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…