Tренерот на Евертон, Карло Анчелоти ова лето ќе направи големи промени во екипата на Евертон.
Имено, тој веќе долго време е во потрага по засилувања, а изгледа ги пронајде и тоа за прилично мала сума кога ќе се погледне денешната ситуација на трансфер пазарот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Анчелти сака да го промени целиот среден ред на Евертон и пред потпис со „карамелите“ се Хамес Родригез од Реал, Алан од Наполи и Докуре од Вотфорд.
Оваа тројка сигурно вреди повеќе, меѓутоа Евертон изгледа нивните потписи ќе ги обезбеди за 60 милиони евра.
Тоа е мала сума кога ќе се погледне квалитетот на играчите кои ќе ги добие Анчелоти.