Како што пренесуваат италијанските медиуми Карло Анчелоти повторно во својот тим го сака италијанскиот плејмејкер, Марко Верати.
Токму Анчелоти беше тој кој инсистираше ПСЖ да го купи Верати во 2012 година од Пескара, и веднаш му даде важно место во ѕвездениот тим на „сцетците“.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Италијанецот е голем фан на играта на Верати и повторно го сака во своите редови, па во него гледа идеална замена за Чаби Алонсо.
Сепак, Баерн сигурно ќе има голем проблем со конкуренцијата бидејќи за потписот на Верати се борат Јувентус, Интер, Челзи, Барселона и Реал Мадрид.
Финансиите сигурно нема да бидат проблем за Баварците, кои имаат адут во ракавот, а тоа е Карло Анчелоти кој е во одлични односи со Верати.