Дебаклот на Реал Мадрид против Барселона го отвори прашањето за длабочината на составот на „кралевите“.




Факт е дека цела сезона Карло Анчелоти употребува јадро од 15-16 фудбалерими во момент како на „Ел Класико“ тоа се покажа како пресудно.




Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
Весникот „АС“ направи анализа на огромната разлика во одиграни минути помеѓу една и друга група на фудбалери.




Имено, Еден Азар, Марсело, Јовиќ, Бејл, Иско, Дијас, Себаљос и Валехо се тврди резерви и никој од нив нема стигнато од бројката од 1000 минути на теренот оваа сезона.




Без разлика како ќе се заврши сезоната, јасно е дека оваа група на фудбалери на лето ќе го напушти Реал Мадрид. На некои им завршува договорот, а другите ќе бидат продадени.