Дома Фудбал Останато Анчелоти: Бејл е најголемиот егоиста кој сум го видел во фудбалот

Анчелоти: Бејл е најголемиот егоиста кој сум го видел во фудбалот

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти ја донесе титулата во Лигата на шампионите на Реал Мадрид, но признава дека не му било лесно во шпанскиот клуб.

Анчелоти на клупата на „кралевите“седна летото 2013 година место Жозе Мурињо и на Реал Мадрид успеа да им ја донесе долгоочекуванота до тогаш титула во Лигата на шампионите. Меѓутоа после две години го напушти Реал Мадри што ги изненади фановите на овој клуб.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Овој стратег денес е тренер на Наполи, а во разговор за италијанските медиуми призна дека во Реал не му било лесно и дека имал големи проблеми со однесувањето на одредени играчи. Тука посебно го истакна Герет Бејл кого Анчелоти често пати го оставаше на клупата.

„Атмосферата во тимот е најважна, а она што најмногу ме лути е кога играчите големи егоисти и мислат само на себе. Се сеќавам кога Перез беше бесен на мене бидејќи во натпреварот против Валенсија го заменив Бејл. Тој тогаш сакаше само да постигне гол и воопшто не сакаше да додава. Во една ситуација место да му ја додаде топката на Бензема тој упропасти се“.

„Бев лут на него бидејќи знаев колкав егоист е и тоа го покажуваше на секој голем натпревар. Знам дека напаѓачите понекогаш треба да бидат егоисти, но тој ги помина сите граници. Сега тука во Наполи ситуацијата е подобра, но и тиука имав мали проблеми со егоизмот“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…