Дома Фудбал Анчелоти: Бевме непрепознатливи, се одеше во погрешна насока

Анчелоти: Бевме непрепознатливи, се одеше во погрешна насока

Карло Анчелоти беше прогласен за главен винвоник за големиот дебакл кој му се случи на Реал Мадрид во вчерашното „Ел Класико“.

Италијанскиот стратег и самиот смета дека погрешил во припремата за натпреварот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Бевме непрепознатливи, се одеше во погрешна насока. Им кажав на играчите дека тоа е моја вина. Игравме многу лошо, пристапот беше лош. Погрешив во припремата за натпреварот. Модриќ мечот го започна како „лажна деветка“ сакавме високо на половината на Барселона да ја имаме топката. За жал не ни успеа. Планот беше да ја контролираме топката повеќе од противникот и да ги притискаме, после првиот гол на Барселона работите станаа полоши“.

Реал го загуби натпреварот со два гола во првото и второто полувре, а Барселона пропушти барем уште 3-4 одлични прилики за поубедливап обеда.

„Игравме одбрана еден на еден, но ова не беше наша ноќ. И во второто полувреме се обидувавме да притикаме високо, но не ни успеваше. Јас сум виновен“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Александер-Арнолд го напушти теренот само по три минути игра – колку долго ќе отсуствува?

ТРЕНТ АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД (26) мораше да излезе од игра по неполни три минути на натпреварот…