Најискусниот поединец во редовите на Црвена Звезда, нашиот интернационалец Перо Антиќ зборуваше за клупската телевизија на Жалгирис пред вечерашниот натпревар во Евролигата.
Црвена Звезда и Антиќ натпреварувањето во новата сезоната во Евролигата го започнуваат во натпреварот против литавнскиот шампион Жалгирис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Жалгирис секогаш има добар тим, се работи за клуб со добра стратегија, тренер и навивачи. Но, слична е ситуацијата и кај нас, ние имаме комбинација на младост и искуство. Потребно е само малку трпение и сигурен сум дека резултатите ќе дојдат“, зборуваше Антиќ.
Антиќ смета дека е добро за тимот тоа што пред почетокот на Евролигата на Зведа не и се даваат големи шанси.
„Тоа е добро за нас, нема притисок, секоја победа се смета како бонус. Очекувањата не се големи, нема притисок за младите кошаркари и стручниот штаб. Ќе играме од забава за нашите навивачи“, додаде Антиќ.
Натпреварот помеѓу Звезда и Жалгирис се игра вечерва со почеток во 19:00 часот.