Дома Фудбал Англија Анри тврди: Лукаку и Мората не се на нивото на Агуеро!

Анри тврди: Лукаку и Мората не се на нивото на Агуеро!

Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, Тиери Анри смета дека единствениот напаѓач од светска класа во Премиер лигата е Серхио Агуеро.

Легендарниот Французин тврди дека Алваро Мората, Хари Кејн и Ромелу Лукаку уште не се стигнати до тоа ниво, иако имаат феноменална статистика.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Агуеро бил, е и ќе биде светска класа поради сѐ што направи во Премиер лигата, од година во година. Ја освои Премиер лигата, играше во финалето на Светското првенство, константен е со години и поради тоа мора да го почитувате. Мислам дека понекогаш забораваме на Агуеро како да не е играч од светска класа, но неговата статистика покажува дека тој е всушност најдобар“, изјави Анри.

„Останатите тројца може да станат играчи од светска класа, ама уште не се. Лукаку само што стигна во Манчестер Јунајтед и уште нема играно во Лига на шампиони. Кејн во оваа лига играше кратко, а Мората во Челзи стигна како резервен напаѓач од Реал Мадрид“, заклучи Французинот.

Агуеро, Мората и Лукаку по првите шест кола во Премиер лигата постигнаа шест погодоци, а Кејн е веднаш зад нив со четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл против Ман Сити за ФА Купот

Дербито во петтото коло од турнирот за Купот на Фудбалската Асоцијација на Англија ќе биде…