Дома Фудбал Останато Анонимус руши голгетерски рекорди во Белгија, а со клубот пишува вистинска бајка

Анонимус руши голгетерски рекорди во Белгија, а со клубот пишува вистинска бајка

Ројал Унион е хитот во белгискиот фудбал. Овој клуб во овој момент е лидер со седум бодови предност во однос на Клуб Бриж, а имаат и интересен голгетер.

Напаѓачот Денис Ундав во досегашниот дел од првенството постигна 24 гола на 30 натпревари. Ништо чудно не би било ако Ундав дури 20 од вкупно 24 гола не ги постигна на гостински терен. Такво нешто не им успеало ниту на голгетери како Левандовски. Мбапе, Халанд…

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ундав 20 голови постигна на 14 гостински натпревар, а вкупно оваа сезона за Ројал постигна 25 голови на 32 натпревари во сите натпреварувања.

Станува збор за германски напаѓач кој е на позајмица од Брајтон кој сигурно ќе му понуди нов договор на лето. Ундав пред доаѓањето во Брајтон играше за нисколигаш во Германија и за најголем дел од фудбалската јавност е анонимус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реакција на кик-бокс федерацијата за боречкиот настан во „Јане Сандански“: Настанот нема допирна точка со ММА

Кик-бокс и маитаи федерацијата на Македонија се огласи со реакција околу ММА настанот што …