Дома Македонски спорт Андоновски: Дојдов во САД да уживам во играта која ја сакам, не помислував на вакво нешто

Андоновски: Дојдов во САД да уживам во играта која ја сакам, не помислував на вакво нешто

Вчера Влатко Андоновски и официјално беше претставен за нов селектор на женската фудбалска репрезентација на САД.

Андоновски го напушти клубот Рејн каде што редеше успеси и се наметна како фаворит за селекторското столче на светските шампионки. На клупата на САД тој ќе ја наследи Џил Елис која си замина после освојувањето на светската титула.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Селекторската позиција ќе биде најголем предизвик во тренерската кариера која Андоновски ја започна во Канзас во 2013 година.

Aндоновски на претставувањето порача дека кога пристигнла во САД (во 2000 година) воопшто не размислувал за тренерска кариера.

„Ако погледнам наназад не верував дека ова може да се случи. Кога дојдов во САД не размислував дека можам да бидам тренер, дојдов за да уживам во играта која ја сакам. Сега добивам голема чест и возубден сум што ќе имам прилика да работам со најдобрите фудбалерки и соработници. Со нетрпение го чекам првиот натпревар, со напорна работа ќе се обидам да придонесам селекцијата да биде уште подобра“, изјави Андоновски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…