Дома Фудбал Англија Англија во шок: Помошникот судија го удри Робертсон во дербито со Арсенал! 🎥

Англија во шок: Помошникот судија го удри Робертсон во дербито со Арсенал! 🎥

Bчера во Премиер лигата се одигра дербито помеѓу Ливерпул и Арсенал, средбата заврши без победник 2:2, а по натпреварот во центарот на вниманието е сцена каква што досега немало во Премиер лигата.

Имено, помошникот судија Константин Хацидакис го удри фудбалерот на Ливерпул Енди Робертсон. Шкотскиот репрезентативецот сигурно беше зачуден од ситуацијата, интезитетот не беше силен, но може да се забележи дека е намерен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Робертсон протестираше, но во ниту еден момент не беше во физички контакт со судијата. Нема сомневање дека за вакво нешто помошникот судија може да заработи ригорозна казна.

Интересно е што Пол Тирни кој беше главен судија на овој натпревар го исклучи Робертсон против Тотенхем пред нешто повеќе од една година, а навивачите тврдеа и дека се оштетенми за пенал над Диого Жото. Хари Кејн на тој натпревар исто така имаше еден жесток старт за кој не беше санкциониран со црвен картон.

По натпреварот и Клоп беше запрашан за овој инцидент, но германскиот стратег не го забележал инцидентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видете ја неверојатната одбрана на Де Геа🎥

Давид де Геа после една година пауза се врати меѓу стативите и брани одлично во дресот на …