Дома Фудбал Англија Англичаните тврдат: Рома прифати понуда од 28 милиони фунти, но се уште не е готово

Англичаните тврдат: Рома прифати понуда од 28 милиони фунти, но се уште не е готово

Според многумина, Един Џеко синоќа против Интер го одигра последниот натпревар во дресот на Рома.

Челси очајнички се обидува да купи напаѓач кој ќе му конкурира на Алваро Мората во вториот дел од сезоната, а Антонио Конте одлучи тоа да биде Един Џеко.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Лондонскиот клуб се поврзуваше со Енди Керол, Барнес и Крауч, но Џеко сепак ќе биде решението на Конте. Според медиумите во Англија и Италија останува само Рома да даде зелено светло трансферот да се реализира.

Според истите извори, преговорите меѓу Челси и Рома траат неколку дена, а за услугите на напаѓачот Рома бара 28. милиони фунти.

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи и Манчестер Јунајтед се многу блиску до договор за Гарначо

Челзи и Манчестер Јунајтед продолжуваат со многу активни преговори за трансферот на Алехан…