Фудбалерот на Бешикташ, Ченк Тосун се наоѓа на мета на бројни европски клубови, пред се на клубовите од Премиер лигата.
Англиските медиуми пренесуваат дека Кристал Палас е силно заинтересиран за овој напаѓач и дека е спремен да понуди 14 милиони евра за него во јануари.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Овој 26-годишен напаѓач меѓу останатите клубови се наоѓа и на мета на Баерн Минхен.
Тосун е роден во Германија и медиумите пренесуваат дека е голем фан на баварскиот клуб, па Баерн е негов прв избор.
Баварците ќе се обидат да го донесат во јануари како алтернатива за Левандовски, а Бешикташ за неговата слобода бара 20 милиони евра.