Дома Фудбал Англија Англиските клубови потрошија под 100 милиони фунти за трансфери

Англиските клубови потрошија под 100 милиони фунти за трансфери

За прв пат после 2012 година англиските клубови од Премиер лигата потрошија помалку од 100 милиони фунти во зимскиот преоден рок.

Тоа секако е поради финансиските загуби кои го имаат клубовите поради пандемијата од Ковид 19.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Манчестер Јунајтед го донесе младиот талент од Аталанта, Амад Диало за 19 милиони фунти. Астон Вила потроши 16 милиони фунти за играчот на Марсеј, Морган Сансон.

Најскапиот трансфер во зимскиот преоден рок е дело на Вест Хем, кој плати 20 милиони фунти за потписот на Саид Бенрама.

И во летниот преоден рок, кој заврши на почетокот на октомври, англиските клубови потрошија скоро 200 милиони евра помалку во споредба со минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…