Дома Македонски спорт Анализа: Стартува втората фаза, како против силната Словенија?

Анализа: Стартува втората фаза, како против силната Словенија?

Македонската ракометна репрезетација денеска ги продолжува натпреварите на Светското првенство во Египет, овојпат во Главната рунда на Мундијалот. Прв противник на црвено жолтите во втората мундијалска фаза е репрезентацијата на Словенија.

Македонија мора да ја подобри играта во сите сегменти

Македонија во новата група, во која ќе игра против Словенија, Русија и Белорусија, не пренесе ниту еден бод и стартува од последната позиција. Победата над Чиле, ја спаси македонската репрезентација од дебакл, но сега повторно играме со ракометни сили. Мечот против Чиле и минималната победа не смее да не залаже. Таа победа беше очекувана, без разлика што по катастрофалните порази од Шведска и Египет, стравувавме дури и од аутсајдерот Чиле.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Ако не ја поправиме играта од оние први два меча, тогаш дебакл ќе ни се случи и против Словенија која во најмала рака е на исти ниво со Шведска и Египет, или можеби и подобра од нив.

Би требало шанса да добие Серафимов

На последната прес конференција пред натпреварот против Словенија, селекторот Данило Брестовац најави неколку промени во составот на селекцијата, особено што по напорните три меча во Групата Г на повреди се пожалија ракометрите Танкоски, Димитриоски, Крстевски и Цветан Кузманоски. Промените ќе ги дознаеме пред стартот на мечот со Словенија, но голема е веројатноста во составот да се најде Серафимов. Бекот играше во одлична форма за Металург пред репрезентативниот собир, но не доби шанса на првите три меча на ова СП, па сега Брестовац ќе проба и со него на бековските позиции.

Словенија со позитивен биланс против Македонија

Ако се види историјата и досегашните седум меѓусебни средби, Македонија има негативен скор со Словенија.

Вкупниот биланс е три победи на Словенија, Македонија се радувала двапати, а два дуели завршиле нерешено. Последен пат играа во јануари лани, на пријателска средба пред стартот на ЕП, а Словенија победи со 33:28. Тоа што е интересно, сите седум меча со Словенија сме ги играле во јануари, а постигнати се следните резултати:

2020 година: Словенија – Македонија 33:28

2018 година: Македонија – Словенија 25:24

2017 година: Словенија – Македонија 29:22

2016 година: Словенија – Македонија 23:23

2016 година: Словенија – Македонија 28:28

2015 година: Словенија – Македонија 30:28

2012 година: Македонија – Словенија 28:27

Нашата најслаба, е нивна најдобра страна

Словенија има неверојатно брзи и снаодливи бекови, пред се мислам на Доленец, Бомбач, Скубе и Зарабец. Македонија имаше проблеми во одбраната, особено во играта еден на еден, а најсилното оружје на Словенија е токму тоа. Дури и да успееме да ја стегнеме одбраната, да ја стесниме – словенците имаат одлични пикери и крила кој ќе биде тешко да се задржат. Од таму е онаа голема фаворитска улога на Словенија пред овој меч и тоа е причина што речиси никој ракометен познавач, не и дава шанси на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…