Договорот на Златан Ибрахимовиќ со Манчестер Јунајтед истекува на крајот на сезоната, па иако има клаузула за негово продолжување, сепак постои можност тој да си замине од „Олд Трафорд“.
Англиските медиуми пренесуваат дека ЛА Галакси спремил мега понуда за шведскиот напаѓач и сака да го донесе во своите редови.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Спортс илустрејтид“ објави дека веќе е стартувана првата фаза од преговорите со Ибрахимовиќ, кој има право да разговара со други клубови бидејќи договорот со Манчестер јунајтед му истекува за три месеци.
И покрај тоа што „црвените ѓаволи” се надеваат дека Ибра би можел да остане барем уште една година, сепак ЛА Галакси испратил понуда напаѓачот тешко ќе може да ја одбие.