Дома Останати Тенис Алкараз: Синер во овој момент е најдобриот во светот

Алкараз: Синер во овој момент е најдобриот во светот

Карлос Алкараз успеа да се пласира во полуфиналето на Индијан Велс, а таму го чека најтешкиот предизвик во досегашниот дел од сезоната, мечот против Јаник Синер.

Синер игра во одлична форма и во 2024 година се уште е без пораз во сингл конкуренција, го освои и Австралија Опен. Алкараз е претпазлив и смета дека Италијанецот во овој момент е тенисерот со најдобра форма.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Покрај титулатан а Австралија Опен, Синер триумфираше и во Ротердам и годинава беше поразен само на Индијан Велс и тоа во меч во двојки.

„Во овој момент Јаник е најдобар во светот и во тоа нема дилеми. Игра во неверојатна форма, се уште не изгубил оваа година и ми се допаѓа да го гледам додека се натпреварува. Ќе биде навистина тежок меч и за мене ова ќе биде најтешкиот меч од почетокот на годинам.

Многу е важно за мојата игра противникот да не знае што ќе следи. Тоа е мојот стил и среќен сум што играм на тој начин, ќе видиме како ќе игледам против Синер“, изјави Алкараз.

Мечот помеѓу Синер и Алкараз е на програмата в сабота вечер и почетокот нема да биде пред 20:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал откажал тренинг, се помалку шанси да игра на ОИ

На жрепката за Олимписките игри Рафаел Надал дозна дека доколку го победи Фучович во првот…