Дома Фудбал Останато Али Даеи му честиташе на Роналдо: Почестен сум што ова достигнување оди во рацете на таков шампион

Али Даеи му честиташе на Роналдо: Почестен сум што ова достигнување оди во рацете на таков шампион

Кристиано Роналдо против Франција постигна два гола во групната фаза и така обезбеди бод за својата репрезентација, а за себе нов рекорд.

Роналдо го изедначи рекордот по бројот на голови за националниот тим со иранскиот напаѓач Али Даеи, сега заеднички се на врвот, а со следниот гол Роналдо ќе остане осамен.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Досегашниот рекордер испрати честитки до Роналдо за достигнувањето на неговиот рекорд.

„Му честитам на Кристиано кој сега го дели само еден гол од рушење на рекордот во постигнати голови за репрезентацијата. Почестен сум што ова неверојатно достигнување ќе му припадне на Роналдо, голема фудбалер и шампион, освен тоа тој е и хуманист кој инспирира“.

По пораката од Али Даеи стигна и одговорот од Роналдо.

„Вистинските шампиони остануваат шампиони засекогаш. Многу сум горд што ги прочитав овие убави зборови од голем идол каков што си ти. Ти благодарам, Али Даеи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи со официјална понуда за Дарвин Нуњез

Наполи не се откажува од намерата да го привлече напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, иако…