Дома Македонски спорт Алиоски: Оваа година ми се остварија двете најголеми желби

Алиоски: Оваа година ми се остварија двете најголеми желби

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски имаше две желби годината и му се исполнија и двете, а во интервју за швајцарските медиуми откри кои се тие.

Алиоски сакаше да заигра со Лидс во Премиерлигата и таа желба му се исполни, а потоа обезбеди и пласман на Европското првенство (ЕП) со Македонија.

„Пред да дојде вирусот, јас имав две желби, да играм со Лидс во Премиерлигата и со Македонија ЕП. И двете желби ми се остварија. Само жал ми е што не можевме да прославиме со навивачите, иако луѓето излегоа на улица“, кажа Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вергара на прагот на дебито за Италија против Франција

Антонио Вергара може да го направи своето деби за Италија во Париз, додека Ди Лоренцо ќе о…